Мартовска инфлација од 4%
Во март годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за четири отсто.
Најновиот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека најголемо зголемување на трошоците има кај здравствените услуги, потоа прехранбените производи и безалкохолните пијалаци, транспортот и угостителските услуги.
Податоците на статистика велат дека раст на инфлацијата од 3,4 отсто има и во првите три месеци од годинава во однос на првиот квартал 2023 година.
Трошоци за живот
Здравствени услуги 5,5%
Храна и безалкохолни пијалаци 3,5%
Транспорт 3,7
Ресторани и хотели 6,5%
За речиси еден отсто има раст на трошоците за живот и на месечно ниво, односно март во однос на февруари годинава. А тоа е периодот во кој заврши мерката за замрзнати цени, па статистичарите забележале дека на граѓаните им се зголемиле трошоците за набавка на леб, млеко, сирење, јајца, месо, овопшје и зеленчук, сокови. Нивните цени се зголемени од половина процент па се до над три отсто.
Сега се очекува новиот Закон за нефер трговски практики да стапи на сила од септемвери, и да стави ред во целиот ланец на трговијата, особено на храната. Но, едно е сигурно цените на прехранбените производи никогаш нема да се вратат на нивото на кое пред кризата.
Професорот Марјан Петрески во интервју за ТВ24 вели дека треба да се прави разлика помеѓу намалување на инфлацијата и намалување на цените.
„Сега ние сме во фаза на намалување на цените, што значи дека растот на цените е намален. Намалување на цените пак е сопсема друг концепт за кој во моментов нема основ да се очекува би се вратиле на нивото од пред кризата. Сега имаме нова реалност а таа е проследена и со прилагодување на доходот. Но не значи дека нема да има намалување на цените на одредени производи, тоа ќе зависи и од понудата и побарувачката.“ - вели Петрески.
Агенцијата за кредитен рејтинг ФИЧ, викендов објави дека инфлацијата во периодот што следи во Македонија ќе забавува цените ќе се намалуваат,а економијата ќе заживува. Монетраната политика и мерките на Народната банка како и владините мерки придонеле да се избегнат нови ценовни шокови, но од ФИЧ напоменуваат дека со растот на платите е можна опасност за нови инфлаторни поместувања.
Земјава во пикот на инфлаторната криза беше рекордер во регионот и пошироко по стапката на инфлација. Во 2022 година таа изнесување 19,8 отсто, а лани инфлацијата се намали на девет отсто.