Мартинијан Кириловски победник на „Макфест 2019“
Foto

Мартинијан Кириловски победник на „Макфест 2019“

Победник на 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2019“ е Мартинијан Кириловски, кој ја изведе песната „Сто пати на ден“. Второто место е за Александар Митевски и Драган Спасов-Дац со песната „Уште ми фалиш“, а трето место е за познатата група „Фрајле“, кои на македонски ја интерпретираа песната „Не и признавај“. 

Оваа победа е седма по ред за Ристо Самарџиев на овој фестивал како автор на победничката песна. Дсега тој обедувал на Макфест четири пати како изведувач на песна од кои два пати соло, а двапати во дует и три победи како автор на победничката песна за други изведувачи.

Наградата за најдобра интерпретација отиде кај Росана Сариќ-Тодоровска со песната „Спомени“, која по подолго време повторно се врати на сцената, наградата за најдобар дебитант ја доби Славица Ангелова со изведбата на песната „Љубовта не боли“. Мартија Станојковиќ која имаше комплетен настап на сцената ја освои наградата за најдобар сценски настап со изведба на песната „Возбуда и љубов“, и наградата за најдобар аранжман отиде во рацете на Иле Спасов за песната „Кој те учи така“.

Фестивалот имаше три вечери, две полуфинални и финална вечер. од двете полуфинални вечери во финалето се пласираа по 10 композиции. Во преполната сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ синоќа на финалната вечер се слушнаа 20 композиции, додека своја шоу програма имаше Тамара Тодевска. тамара и официјално е најмладиот учесник кој некогаш настапил на Макфест. Во далечната 1991 година, на шест години таа настапи заедно со Маријана и Росана со песната „Љубов“, кога настапи и тогаш 11 годишната Каролина Гочева со „Мамо, пушти ме“.

Публиката уживаше во нејзините интерпретации, а на секоја песна имаше долги аплаузи. На фестивалот годинава беше присутен и претседателот Стево Пендаровски кои се задржа и на котелот по завршувањето на вечерта во друштво на градоначаникот на Штип, Благој Бочварски.

Организатор на „Макфест“ и оваа година е Општина Штип со финансиска поддршка на Министерството за култура. Водител на Макфест и годинава беше Маријана Станојковска.

0 Коментари

Остави коментари