Мартинез втора година по ред е најдобар голман во светот

оламнот на Астон Вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез втора година по ред најдобар голман на светот! 

Аргентинецот останува сопственик на трофејот „Јашин“, откако го доби трофејот на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.

Минатата сезона, голамнот триумфираше со Копа Америка, каде исто така стана број 1 меѓу играчите на неговата позиција.

-Благодарам на другите голмани со кои се натпреваруваме. Продолжуваме да се развиваме и секогаш се трудиме да се докажуваме. Посебна благодарност до Лаутаро што го постигна тој гол во финалето на Копа Америка, изјави Мартинез.

За прв пат во историјата на трофејот „Јашин“ истиот играч го доби во две последователни сезони.