Мартин Гоџо од Варош по трет пат го фати крстот во Охридското езеро
Мартин Гоџо од Варош е среќниот фаќач на крст во Охридското Езеро. Тој по трет пат беше најбрз од стотината верници кои и ова утро запливаа во студените води на езерото по светиот крст.
Традиционално Гоџо заедно со неговата тајфа денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.
Температурата на водата беше само 8 степени Целзиусови. На терен беа нуркачки екипи и екипи на Црвениот крст.Иако се помина во најдобар ред службите имале преку 20 интервенции.
Градоначалникот Пецаков го даруваше среќниот фаќач со икона и филигран а изрази големо задоволство од се помасовната посетеност на градот за празникот Водици од домашни и странски гости.
Чествувањата на празникот продолжуваат утре со традиционалниот "Ден на Рибарите" кога ќе се одржи традицоналното масовно капење кај Сараиште а ќе се служи и рибна чорба и плашици зачинети со староградска охридска музика.

