Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид

25 годишниот Мартин Гоџоски од Варош е среќниот фаќач на крст во водите на Охридското езеро.Гоџоски првпат го фаќа светиот крст и очекува да му донесе здравје и голема среќа оваа година. 

Градоначалникот Пецаков со честитка кон фаќачот и граѓаните. Денешниот празник е посебен за граѓаните. Оваа година освен охриѓани во осветените води на Охридското езеро по крстот влегоа верници и од други градови од земјава. 

После главната церемонија на фрлање на крстот, граѓани традиционално се искапија на Сариште. Прославата продолжи на градскиот плоштад со музички концерт на Љубојна.