Марта Кос: Покажавте дека може да испорачате резултати кога има политичка волја

Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување - вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика Марта Кос. Таа денеска во Скопје ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, за како што вели, да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на Планот за раст за Западен Балкан.