Марта Кос и Каја Калас за извештајот на ЕК: Доцна попладнево прес-конференција во Брисел за есенскиот извештај на ЕУ
Доцна попладнево прес-конференција во Брисел за есенскиот извештај на ЕУ. Македонија ги забрзува реформите, но за почеток на пристапните преговори се потребни уставни измени – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос. Таа изјави дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран.
Црна Гора се очекува во јуни да го потпише договорот за членство во ЕУ. Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, ги наброја фаворитите за ЕУ – меѓу нив не е Македонија.

