Марш за ангелите: Родителите до одбраната на обвинетите - Колку чинаат празните соби на нашите деца?
Солзи, без револт и траорни сведоштва за животот по кобниот 16 март. Семејставата на загинатите деца во Пулс бесни на обвинетите, адвокатите и институциите од пред судот ги прашаа дали знаат колку чинат празните соби на нивните деца, или пак свадбите кои никогаш нема да се одржат или пак гласовите кои никогаш нема да им ги чујат.
Револтот доаѓа откако во судница одбраната реагираше на обилноста на доказите кои според нив не докажувале ништо туку само трошеле време и буџетски пари.
Во Кочани порака од пред полицијата и до полицајците кои вчера прашуваа дели се обвинети зошто дошле на работа. Семејствата им одговорија со нивното непостапување ги убиле нивните деца.

