Марш за ангелите
Во Кочани денеска ќе се оддржи уште еден Марш за ангелите, организиран од родителите на децата кои загинаа во трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Почнува во 14 часот и 5 минути, колоната ќе тргне од Паркот на револуцијата во Кочани, ќе се упати кон трговскиот центар, а оттаму кон Управата за јавни приходи. Потоа ќе продолжи кон полициската станица и Основниот суд.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да им дадат поддршка во барањето за правда.

