„Марш на ангелите“: Правда за загинатите деца
Правда за нашите деца кои беа убиени нема – ние ако треба ќе маршираме до крајот на животот и не ви се плашиме бидејќи нема што да изгубиме – родители на загинатите деца со свирежи за институциите, политичарите, пратениците, обвинителите, но и в.д. градоначалникот на Кочани – порачаа дека политичарите треба да горат во пеколот. И на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ им кажаа да ги остават на мира, избраниците на народот ги прашаа дали не им е срам што досега ни еднаш не застанаа зад нив на ниту еден марш... Повторија дека премиерот Мицкоски ги навредил и побараа да се објави снимката од средбата во Владата за болката, солзите, бесот и разочарувањето од државата.

