Мароко последен противник на македонските ракометари во Президент купот

Македонската ракометна репрезентација ќе се сооќчи со Мароко во последното (трето) коло од втората група во Президент купот на Светското првенство 2023 Полска/Шведска.

Натпреварот ќе се игра во Плоцк со почеток во 18 часот.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доколку успеат да останат непоразени, в среда ќе играат меч за пласман на 27/28 место.

На ракометниот Мундијал, во текот на денешниот ден ќе се одиграат последните шест натпревари од втората групна фаза. Двојките се:

Катар – Аргентина (15:30 часот)

САД – Белгија (15:30)

Хрватска – Бахреин (18:00)

Србија – Холандија (18:00)

Египет – Данска (20:30)

Германија – Норвешка (20:30).

Пласман во четвртфиналето обезбедија: Франција, Шпанија, Шведска, Унгарија, Германија, Норвешка, Египет и Данска.