Мароко го отпушти селекторот Халилхоџиќ

Раководството на Фудбалската федерација на Мароко, одлучи да ја прекине соработката со босанскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ, пренесува „Hisport“.

Седумдесетгодишниот Босанец ја предводеше мароканската репрезентација од 2019 година. Под негово водство Мароканците извојуваа 20 победи и 7 пати ремизираа на 30 натпревари.

Официјално, оставката ќе биде официјализирана по враќањето на претседателот на тамошната федерација, Фузи Лакја од Танзанија, каде што учествува на состанокот на Африканската фудбалска конфедерација.

Халилхоџиќ претходно работеше во Нант, Пари Сен-Жермен, Трабзонспор, Динамо Загреб, како и со репрезентациите на Алжир, Јапонија и Брегот на Слоновата Коска.