Марковски: „Злосторничко здружување“ во градежниот сектор

Дури ни луѓето во градежништвото не се свесни колкава е дупката во системот. Опсесивноста со зголемен профит ги втурнува дел од инвеститорите да не размислуваат за ризиците и последиците од нивните постапки, а тука им се придружуваат и сите оние кои треба да го спречат таквиот пристап, односно да го корегираат, вели деканот на Градежниот Факултет, Горан Марковски.

Пред една недела во пожар во дискотеката во Кочани Пулс загинаа 59 млади луѓе. Последните податоци од надлежните институции отворија прашања и покажаа низа слабости во системот. Еден од нив е и во градежшништвото, вели професорот и декан на Градижниот факултет, Горан Марковски.