Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот Беласица во Скопје е безбеден за употреба или не

Во овој момент не може да оцени дали мостот Беласица во Скопје е безбеден за употреба или не, вели деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски. Останува на ставот дека се потребни пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар.