Марковска за ТВ 24: Иритирачки е дека ние како граѓани се прифаќаме без да искажеме отпор

Ѓулистана Марковска поранешната пратеничка во емисијата 24 анализа рече дека нашиот Устав ваков каков што е не е поминат во ЕУ и ние имаме право да го менуваме спрема нашите потреби.

- И премиерот и претседателката знаат што е ерга омнес и дел од нив учествувале во градењето на одредени ставови преку Собранието. Иритирачки е дека ние како граѓани се прифаќаме без да искажеме отпор. Знаат дека мора да се почитува законот, преговарачката рамка, но треба да видиме до каде сме и што сме. Во преговорите со Грција и Бугарија, да видиме до каде сме во делот со исполнувањето на преговорите на преговарачкиот дел од Преспанскиот дел од страна на Грција, кој никој не ја спречи толку години да не си ги вклучи меморандумите и истите да ги вклучи во Собранието. Оваа влада рече дека ќе ја смени преговарачката рамка. - рече Марковска.