Марковска за ТВ 24: И да има нова партија, таа нема да го достигне ниту квалитетот, ниту гласачкото тело на ДУИ

Ѓулистана Марковска поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.во емисијата 24 анализа рече дека дури и да има нова партија, таа нема да го има потребниот број на гласачи како што го има ДУИ. Само во ДУИ има стратегија со која се држат со години и кадрите се минливи, а стретегијата е вечна.

- Тој ги собра незадоволните кадри пред поширокото членство. Тоа е комплетно друг начин на водење на политика, за разлика од другите две партии. Во оној момент кога во ДУИ ќе се јави незадоволство, тоа незадоволство знае како да го тампонира, ќе ги оцени водачите и кои се нереални, а реалните ќе ги викне со целиот огранок. Од таму немало валкан веш и така се решаваат проблемите. Ако имате незаводолство, тоа се решава во самата партија. И да има нова партија, таа нема да го достигне ниту квалитетот, ниту гласачкото тело на ДУИ. Данела немаше да добие толку гласови да не беше ВМРО-ДПМНЕ. И сега немате фингиран судир, имате вистински судир. - рече Марковска.