Марковска во СТУДИО 10: Ако се појави трета опција со етаблирани и нови луѓе во политиката, тие ќе бидат морални победници на следните избори

Јас се плашам дека ние може да завлеземе во бугарско сценарио и да не може да се формира влада по изборите затоа што луѓето се незадоволни и се чини дека нема да има излезност. ВМРО-ДПМНЕ и покрај актуелните резултати од анкетите не смее да смета дека само може да се прошета низ кампањата и да победи на изборите. Мој впечаток е дека ако се појави трета опција со етаблирани и нови луѓе во политиката, тие ќе бидат морални победници на изборите, вели поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска во СТУДИО 10 на ТВ 24.

- Бугарите треба да влезат во Уставот и тоа е еден од критериумите што сме ги прифатиле за влез во ЕУ. Но, потребно е да се обезбеди консензус. Не може ВМРО-ДПМНЕ да очекува дека ако дојде на власт ќе рече дека така било договорено за уставните измени пред нив и сега тоа не може да се промени туку треба да понуди решенија, вели Марковска.

Таа вели дека ние имаме многу посериозни проблеми. Еден од нив е што исчезнува средната класа и станува сиромашна за сметка на една многу мала група луѓе кои располагаат со огромни пари. Другиот проблем е што луѓето, цели семејства, бегаат од земјата затоа што немаат основни услови за стабилен живот, коментира Марковска.