Марковиќ за ТВ 24: Нема проблем да се пререгистрираат имињата под други имиња

Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во емисијата 24 анализа смета дека темата е голема во нашите очи, но не и кај Бугарите. Темата брзо се исцрпила и е маргинализирана.

- Брзо дојде до ескалација на односите и мора да дојде до испукување на таа политичка енергија. Темата Македонија не е затворена, туку ставена во мирување. Не може посебно да експлодира, а ќе има реакција од Бугарија, Ние не браниме отварање на бугарски клубови, туку беа проблематизирани имињата. Нема проблем да се пререгистрираат имињата под други имиња. - вели Марковиќ.