Марко Рубио неделава ќе ја посети Шведска заради министерски состанок на НАТО, па заминува за Индија
Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела ќе ја посети Шведска за да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, каде што ќе се разговара за потребата од „поголемо споделување на товарот“ во Алијансата, а потоа ќе замине за Индија, соопшти Стејт департментот.
Според официјалните информации, шефот на американската дипломатија ќе пристигне во шведскиот град Хелсингборг на 22 мај, каде што покрај разговорите со колегите од НАТО, ќе оствари и билатерални средби со шведскиот премиер Улф Кристерсон и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
По завршувањето на европската агенда, Рубио во периодот меѓу 23 и 26 мај ќе престојува во официјална посета на Индија, каде што со високи индиски претставници ќе разговара за унапредување на соработката во сферата на енергетската безбедност, одбраната и трговијата.

