Маркез опериран, ја пропуша Аргентина

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез дефинитивно ја пропушта трката за Големата награда на Аргентина во Мото ГП шампионатот. На премиерата на сезоната, Маркез предизвика несреќа во која ја повреди раката, ја скрши првата метакарпална коска и веднаш беше опериран.

Неговиот тим Репсол Хонда одлучи Шпанецот да ја пропушти трката во Аргентина следниот викенд со цел целосно да се опорави и да биде максимално подготвен за остатокот од сезоната. Веќе во третиот круг, Маркез загуби контрола на мотоциклот при еден свиок и удри во Хорхе Мартин, а потоа и во Мигел Оливеира, кој остана да лежи на патеката.

Поради ова, Шпанецот беше казнет со два круга на следната трка, но бидејќи таму нема да вози, нејасно е дали ќе ја „одработи“ казната.