Марјан Шарец екс премиер на Р. Словенија за ТВ 24: Ја знаеме историјата, Словенија сега треба да покаже дека стои зад Македонија

Официјална Софија го применува вистинскиот рецепт за губење на пријатели во ЕУ со ваквите  дипломатски чекори и ветото кон Македонија, вели поранешниот премиер на Словенија, Марјан Шарец во интервју за Телевизија 24.

Тоj порачува дека е време Бугарија да отстапи, затоа што таквите барања не се во духот на ЕУ. Шарец смета дека официјална Љубљана и владата на Јанез Јанша можат и  треба да направат повеќе за Македонија, особено сега, кога Чешка и Словачка застанаа во одбрана на Скопје и го блокираа германскиот предлог во заклучоците за проширувањето. За внатрешно политичката  состојба во Словенија Шарец вели:

- Ние и нашата коалиција се трудиме да ја смениме владата без избори. Ако се случи поинакво сценарио соодветно ќе делуваме. Наша цел е веднаш да ја промениме власта без предвремени избори, бидејќи тие тврдења кои ги дава Демократската партија на пензионерите се вистинити. Владата се врти на страната на “Вишеградската група” односно Унгарија. Знаеме дека се работи и за финансирање на определени медиуми од страна на Унгарија. Ова нас многу не загрижува и затоа се одлучивме дека нашата задача ќе работиме на смена на Владата.