„Марили бизнис форум“ и 27-ми Избор на најуспешни жени-менаџери
Лидија Трипуноска генерална менаџерка на „МАРИЛИ“ во Студио 10 за избор на најуспешни жени-менаџери рече дека темата на бизнис каталогот да биде македонскиот бит и дека посебно место му е дадено на македонскиот јазик.
- Каталогот е преведен на други јазици и со тоа потсетуваме колку е длабока нашата култура и во него е објавена песната „Везилка“. Утре е 27то издание на изборот на најуспешни жени-менаџери и оваа година имаме претставнички од Себија и Косово. Утре одиме и со „Марили бизнис форум“ кои ги има одликите на сериозни економски теми. Успехот на жената е реалност и не случајно жените се во бизнисот. мавме долга транзиција на земајата и сега сме во контиунирана криза. Темите за форумот се избрани, бидејќи извлекуваат на површина натрупани теми и очекуваме од нашите панелисти да дадат решенија за подолг период. Централната тема ќе биде енергетиката. - реле Трипуноска.