Маријановиќ во 24 анализа: За пациентите на онкологија не е важно кој е на власт, важно е да го добијат својот лек
Ана Маријановиќ, онколошки пациент од здружението Хема Онко во 24 анализа рече дека пациентите на онкологија не смеат да бидат оставени без терапија бидејќи тоа има големо влијание врз процесот на лечење. Според неа, за пациентите не е важно кој и кога е на власт туку важно е да го примат соодветниот лек.
„Долго време тапкаме во место и се вртиме во кругови. Никој на онкологија не оди од што сака туку од што мора. Нас не ни е важно кој е на власт бидејќи со секоја нова промена ние се враќаме на 0 и тоа што било договорено со некој од претходниците престанува да важи“, изјави Маријановиќ.
Според неа со цел да имаме подобри резултати потребно е да ги следиме сите светски трендови и скринови но, како што појасни таа, потребно е и промена на позитивната листа.