Марија Митановска опција на Филипче за претседател на ДИК, Кондарко за член

Ќе ја добие ли Марија Митановска довербата на Венко Филипче за претседател на ДИК?

Раководителката на секторот за човечки ресурси во министерството за правда , која неодамна била распределена во секторот за бесплатна права помош, според неофицијалните информации на ТВ 24 од висок партиски функционерр во СДСМ,  веќе поднела документи во Собранието, а и има сериозна поддршка од првиот опозиционер.Освен Митановска, според информациите на ТВ 24 сериозна поддршка за уште еден мандат во ДИК, но како член има и актуелниот претседател Борис Кондарко.

ТВ 24 праша официјално во СДСМ дали Митановска и Кондарко ќе бидат предлозите на Филипче за нови членови на ДИК, но оттаму решија да молчат и да не одговорат на прашања 

Функционер од раководството на Бихачка за опцијата Митановска тврди дека е експерт за избори. Таа е дел од општиснкатао рганизација на СДМС во Аеродром, но и сопруга на поранешниот началник на интервентната полиција Примислав Димовски. 

На конкурсот кој што завршува во четврток пријавени се уште и поранешната заменичка во правда Викторија Мадиќ како и екс вицепремиерот за евроинтеграции и поранешен министер за правда Бојан Маричиќ и секретарот на ДИК Добре Јовановски. 

Мандатот на актуелните Кондарко и Оливер Ристевски завршува на 12 јануари .