Маригона Марку в.д амбасадор во САД на местото на Васко Наумовски
Foto

Маригона Марку в.д амбасадор во САД на местото на Васко Наумовски

Маригона Марку е назначена за вршител на работите, македонски амбасадор во САД, информираат од Министерството за надворешни работи, откако на Васко Наумовски му истече мандатот.. По завршувањето на мандатот на претходниот амбасадор во Вашингтон, дипломатот со највисоко звање станува вршител на работите. Последен пат, информација во јавноста, за екс амбасадорот во Вашингтон, Васко Наумовски, кој претходно беше и вицепремиер за евроинтеграции во владата на Груевски, имаше во мај годинава. Имено, тогаш, тој беше повикан во Скопје и беше започната постапка за неговото однесување за време на официјалната посетата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Пентагон, кога тој ниту ја пречека, ниту беше дел од делегацијата. Шекеринска тогаш изјави:

„Јас во Вашингтон во еден момент помислив дека немаме амбасадор бидејќи не го видов ниту службено, ниту на почетокот, ниту на крајот на посетата. Сметам дека тоа е скандалозно однесување затоа што на нашиот амбасадор не му пречи секој први во месецот да добива плата од оваа влада. Меѓутоа вие да отспиете посета на Пентагон која не се случила во 6 години, тоа прво зборува за дипломатскиот калибар, но зборува и за неодговорноста кон вршење на функцијата.“ - изјави Радмила Шекеринска.

Претходно, пак, односно во јануари годинава, по една од средбите во Њујорк како македонски преговрач со Грција со посредство на медијаторот Метју Нимиц, Наумовски даде коментар на предлогот на Нимиц.

„Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение.“ - изјави Васко Наумовски-екс-амбасадор во САД.

Оваа негова изјава беше оценета како „изјава на партиски војник, под инструкции на некои други центри на моќ во државата.

0 Коментари

Остави коментари