Маричиќ: Ќе се направат законски измени за да се воведе дигитализација на судството
Foto

Маричиќ: Ќе се направат законски измени за да се воведе дигитализација на судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ во воведното обраќање на јавната расправа за предлог измените на Законот за парнична постапка, каже дека покрај намалувањето на висината на паричната казна за учесниците во постапките, со овие измени се отвора и законска можност за дигитализација на работењето на судовите.

- Судот може да одлучи рочиштето да се одржи на далечина, односно онлајн, или пак на тој начин да се изведат одделни докази. Огромна новина е можноста која се отвора да се одржуваат јавни расправи по електронски пат, по оценка на судот, а во случај на постоење опасност од одлагање или кога постојат правни или стварни пречки. Снимката од рочиштето или изведениот доказ претставува записник во електронска форма. Воедно, електронската достава на документи е поедноставена. Законот го усогласува поднесокот во електронска форма и податоците и доказната сила на документите во електронска форма со што се поедноставува електронската достава, кажа Маричиќ.

Министерот за правда процесот на дигитализација на судовите го веднаш по стапувањето на функцијата. Поддршка на воведувањето на дигитална технологија во работата на судовите веќе најавија од Европската унија и други пријателски земји.

Овој предлог – законот е резултат на опсежна јавна расправа, а бројните коментари и забелешки беа прифатени и вградени во текстот на законот.

0 Коментари

Остави коментари