Маричиќ ќе биде прeтседател на ДИК, актуелниот Кондарко само член
Бојан Маричиќ ќе биде претседател на ДИК, актуелниот претседате Борис Кондарко член , ова според висок партиски функционер е одлуката на претседателот на СДСМ Венко Филипче која што попладнево ја испратил до Собранието.
Според истиот функционер Филипче до последен момент ја "тегнел" одлуката за на крај да пресече во корист на екс вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ за прв човек на ДИК. А меѓу екс заменичката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, Марија Митановска сопруга на Примослав Димовски и пиранешната пратеничка н СДСМ Даниела Марковска, му го продолжува мандатот на Борис Кондарко, но овојпат како член.
Одлуката на Филипче доаѓа откако во понеделникот комисијата за избори и именување ја потврди листата на пријавени.

