Маричиќ: Договорите за добрососедство го отвораат евроинтегративниот пат

Идејата на договорите за добрососедство не е да доведе во ситуација некоја држава да се откажува од нешто, туку взаемно почитување и отворање на евроинтегративниот пат на земјава – рече во вечерашното Отворено студио на ТВ24 техничкиот преговарач на Македонија со ЕУ, Бојан Маричиќ.