Мареј го заврши настапот на турнирот во Бризбејн
Foto

Мареј го заврши настапот на турнирот во Бризбејн

Енди Мареј го заврши своето учество на турнирот од серијата АТП 250 во Бризбејн, откако загуби во вториот круг од четвртиот носител Даниел Медведев (Русија) со 5:7, 2:6.

Дваесет и две годишниот Русин запиша 16 аса и загуби само седум поени при прв сервис во текот на целиот натпревар и заслужено победи против Шкотот, кој неодамна се врати од повреда.

Медведев поведе со брејк за 3-1 во почетокот, но потоа следеа четири последователни гема за Мареј. Потоа иницијативата повторно се врати кај Русинот, кој ги освои следните шест гема, за да го затвори првиот сет и да поведе со 4-0 во вториот. Оттаму, мечот само се доигруваше, а Медведев го затвори без проблем.

Во четвртфиналето тој ќе се соочи против петтиот носител Милош Раониќ, кој го совлада квалификантот Миомир Кецмановиќ (Србија), исто така во два сета – 6:3, 7:6.

0 Коментари

Остави коментари