Марадона погребан, цела Аргентина го испрати кон вечниот дом: Збогум, Диего!
Foto

Марадона погребан, цела Аргентина го испрати кон вечниот дом: Збогум, Диего!

Фудбалскиот Бог, Диего Армандо Марадона синоќа беше погребан на гробиштата Бела Виста, покрај своите родители, а цела Аргентина го испрати кон вечниот дом, излегувајќи на улиците на Буенос Аирес, за да му кажат последно збогум на својот идол и божество.

Марадона почина на 60-годишна возраст само две недели откако излезе од болница после операцијата на хематом на главата, а трагичната смрт ја потресе цела Аргентина, па немаше човек во земјата кој не плачеше на последното испраќање на големиот Диего кон вечниот дом.

Цел ден вчера Аргентинците во претседателската палата Каса Росада му оддаваа почит на Марадона, каде беше изложен неговиот ковчег, а доцна вечерта по македонско време тргна поворката до гробиштата Бела Виста, пред кои се собраа илјадници навивачи за да го испратат својот херој. Долга беше поворката со телото на Аргентинецот на патот кон Бела Виста, а немаше место каде навивачите не го поздравија легендарниот фудбалер по патот.

Погребот се случи пред семејството и најблиските пријатели на фудбалскиот великан.

0 Коментари

Остави коментари