Мануел Сарацин на средби со Ковачевски и Мицкоски

Нова дипломатска офанзива за уставни измени.Утре и во вторник специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин е во посета на Македонија.

На агендата на Сарацин најпрвин е средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре, а во вторник посетата ја завршува со средби со премиерот Димитар Ковачевски.

На агендата на Сарацин се и пратениците во законодавниот дом, и претседателот на Собранието, а во вторник посетата ја завршува со средби со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Сарацин утре ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери. Посетата на Сарацин доаѓа откако според дел на информациите од власта кои веќе ги објави ТВ 24 измените на Кривичниот законик е само првата фаза од политичкиот пазар за уставните измени. ТВ 24 веќе најави дека власта доколку добие гаранции ќе понуди и амнестија за 27 април и изборните нерегуларности.