МАНУ за уставните измени
Foto

МАНУ за уставните измени

Преспанскиот договор таков каков што е - да се вметне во Уставот, државјанството да се потенцира со посебен амандман и доколку претседателот на државата по вторпат одбие да го стави својот потпис на указ од закон, собранискиот спикер да има надлежност да го направи тоа за процедурите да не стојат во место – ова се клучните предлози кои ги издвоија академците од МАНУ на денешната јавна дискусија посветена на нацрт амандманите.

„Јас мислам дека Грците би се радувале и не само тие, најмногу ОН ако Договорот стане уставна категорија“ - вели Светомир Шкариќ – професор по уставно право.

„Уставниот закон ќе содржи посебна одредба според која Договорот станува составен дел на домашниот правен поредок“ - рече академик Владо Камбовски.

За министерот за надворешни работи Димитров, Македонија ќе биде единствениот губитник доколку не се реши спорот со името. Вицепремиерот Османи пак порача дека треба да се направат напори за успешен процес бидејќи, како што вели, на многу надворешни сили преспанскиот договор не им одговара.

„Да ја завршиме куќата на нашата државност, ниту Европа, ниту Америка, ниту Грција нема штета“ - изјави Никола Димитров – министер за надворешни работи.

„Не се сите среќни за македонија да биде без спорови со соседите, има луѓе кои не ја сакаат државата обезбедена и гарантирана“  - смета Бујар Османи – вицепремиер за европски прашања.

Со јавните расправи во Штип и Тетово ќе се заокружи серијата дебати за нацрт амандманите, кои се враќаат повторно во собраниска процедура на претрес во комисиите, а потоа и на гласање. За нивно конечно усвојување е потребно двотретинско мнозинство во Законодавниот дом.

0 Коментари

Остави коментари