Манолева за Студио 10: „Ноември“ месец на машкото здравје

Маја Манолева заменик министерка за здравство за Студио 10 рече дека во ноември како месец за месец на машкото здравје, министерството имало низа активности поврзани со октомври и ноември како месеци на машкото и женското здравје.

- Во октомври се спроведоа низа активности за борбата против ракот на дојката кои им испорачаа информации на граѓаните што да направат за себе и се промовираше скрининг програмата на бев платформата на која секоја жена може самоиницијативно да се пријави и да си закаже скрининг на дојка. Имаме и пациентки на помлада возраст. Жените кои имаат позитивна семејна амнеза може исто да се пријават. Скринингот се спроведува во осум центри во државата и тенденција е да бројот на центрите се зголеми во наредниот период и планирани се набавки на нови мамографи да бидат опфатени сите региони. Целата партиципација ја покрива министерството за здравство. Во однос на машкото здравје ракот на простата е најчесто заболување и во овој месец се орјентираме на повеќе градови каде ќе го промовираме машкото здравје. Ракот на простата не е опфатен со скринингот, но се прават подготовки да се опфати и со овој скрининг. Ова заболување е сериозно и се јавува кај постарата популација. Пациентите не се јавуваат навремено на преглед.  Во нашите јавни установи има специјалисти уролози и трибините кои ги организираме секојдневно, алармираат за симптомите за оваа болест. - рече Манолева.