Манифест за економски раст

Стопанската комора на Северозадна Македонија подготви стратешки документ со кој велат дека се гарантира развој на македонската економија. Од ова бизнис здружение објавија анализа во која детално се опфатени предизвиците со миграцијата, проблемите со сивата економија, активноста на приватните компании, движењето на Бруто домашниот производ, намалувањето на невработеноста.

Но, во анализата се истакнати и причините за моменталната економска состојба во која се наоѓа државата. Најсилниот удар врз македонската економија засега е приватизацијата која предизвика промоција на неформалната економија, намалување на продуктивноста на фирмите, нерамномерен регионален развој, енормно зголемување на невработеноста и непринципиелна распределба на општествениот капитал.  

Во однос на движењето на намалување на  невработеноста  во земјава може да се забележи дека Полошкиот и Севроистичниот регион бележат послабо намалување во однос на останатите региони. 

„Нагласена диспропорција е забележана кај стапката на вработеност, каде што Полошкиот регион има стапка на активност од 48,5%, додека во Скопскиот регион 55,2%, што е за 6,7% повеќе од Полошкиот регион. Стапката на вработеност, Полошкиот регион во 2022 година, има стапка од 36,8%, додека Скопскиот регион 48,8%, што е пропорционално за 12% повеќе од Полошкиот. Многу е голема разликата во стапката на невработеност, каде што североисточниот регион има стапка од 31,8%, додека скопскиот регион има невработеност од само 11,5%.“ - вели Економски манифест за забрзан развој.

Неформалната економија според податоците на Комората на Северозападна Македонија е дека таа се движи до 40 отсто од БДП. Од извештајот може да се забележи дека секоја втора компанија се бори со нелојалната конкуренција а пак на ниво на Европаката унија тоа е нешто под 20 отсто. Нивните пресметки се дека работата на црно во земјава „јаде“ над четири милијарди евра годишно, а тоа е речиси колку еден цел буџет на Македонија. 

Бизнисот сега дацва препораки до идниоте власти дека потребни се подобри услови за водење бизнис, како и подобрување на фискалната децентрализација. 

„Прекин на државниот интервенционизам врз пазарот - државата треба да биде само регулатор.  Државата не треба директно да интервенира на слободниот пазар, туку само да има улога на регулатор и надзор преку механизмите предвидени со закон. Искуството покажа дека интервенцијата на државата врз слободниот пазар не даде резултати, спротивно, има донесено негативни последици.“ - вели Економски манифест за забрзан развој.

Бизнисмените велат дека државата не смее да се поместува од патот кој одамна е зацртан, земјава да биде членка на Европската Унија, но пред тоа да се спроведе целосна имплементација на законодавството на Унијата. Да се направи целосна децентрализација на релација  држава и власт, конечно да профункционира неселективната правна безбедност, но и сериозно да се посветиме како држава на елиминирање на  корупцијата. Последната точка е дека повеќе од потребни се ефикасни јавни институции.