Мандолинскиот оркестар „Скопје“ со концерт во чест на Мајка Тереза

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ вечер ќе одржи концерт во чест на Мајка Тереза во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Концертот ќе почне во 19:30 часот, а оркестарот ќе настапи под диригентската палка на Рамадан Шукри и Ерхан Шукри.

На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Антонио Вивалди, Пјетро Маскањи, Љупчо Бранџолица, Волфганг Амадеус Моцарт, Стефан Тошевски, Франц Шуберт и Марио Гранџани.

Како солисти на концертот ќе настапат Мерсиха Шукри на харфа, Стефан Милошевиќ на мандолина, Ана Јанческа на обоа и мандолина и Павел Ковалевски на гитара.