Манчевски ја собра екипата пред златната гала премиера на „Пред дождот“ во Скопје по повод неговите 30 години
Ако дождот понекаде прави проблеми, „Пред дождот“ е вистинско уметничко дело. Имено вечерва се одржува златна гала премиера на филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ на неговиот триесетти роденден. Денеска на средба со медиумите се обратија учесници во филмот кои дојдоа за ова случување од Велика Британија, Франција и од Хрватска.