Манчестер сити одби да го продаде Стерлинг на Челзи за 25 милиони евра

Управата на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити одби да го продаде напаѓачот Рахим Стерлинг на Челзи.

Според новинарот Фабрицио Романо, Сити не бил задоволен од сумата понудена за 27-годишниот Англичанец.

Лондонскиот клуб понудил 25 милиони евра, додека Манчестер сити сака да добие 55-60 милиони евра за играчот.

Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 17 гола и пет асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.