Манчестер сити го обнови договорот со Де Брујне до 2025 година
Foto

Манчестер сити го обнови договорот со Де Брујне до 2025 година

Фудбалерот за врска Кевин Де Брујне го продолжи договорот со Манчестер сити, соопшти прес-службата на клубот. Новиот договор е со важност до 2025 година.

– Не можев да бидам посреќен. Откако се приклучив на Сити во 2015 година, се чувствував како дома. Ги сакам навивачите, моето семејство се смести тука во Манчестер, а моето сопствено ниво на игра се развива многу добро, изјави Де Брујне за официјалната веб-страница на Манчестер сити.

Де Брујне се пресели во премиерлигашот во 2015 година од бундеслигашот Волфсбург. Оттогаш, 29-годишниот Белгиец одигра 255 натпревари за Сити, на кои постигна 65 погодоци и даде 105 асистенции.

Оваа сезона, играчот за врска има одиграно 25 натпревари во Премиер лигата, постигнато седум голови и девет асистенции.

0 Коментари

Остави коментари