Манчестер јунајтед со четврти триумф по ред
Foto

Манчестер јунајтед со четврти триумф по ред

Продолжува победничката серија за тимот на Манчестер јунајтед по доаѓањето на тренерското место на Оле Гунар Солскјер. Под водство на Норвежанецот, Јунајтед синоќа ја забележа четвртата победа по ред. Совладан е Њукасл на негов терен.

Резултати на натпреварите од 21. коло во Премиер лигата одиграни синоќа:

Бурнмут – Вотфорд 3:3
Челзи – Саутемптон 0:0
Хадерсфилд – Барнли 1:2
Вест Хем – Брајтон 2:2
Вулвс – Кристал Палас 0:2
Њукасл – Манчестер Јунајтед 0:2.

Вечер се игра големото дерби меѓу актуелниот шампион Манчестер сити и лидерот на табелата Ливерпул.

Табела: Ливерпул 54 бода, Тотенхем 48, Манчестер сити 47, Челзи 44, Арсенал 41, Манчестер Јунајтед 38.

0 Коментари

Остави коментари