Манчестер јунајтед постави негативен рекорд по примени голови на домашен терен
Foto

Манчестер јунајтед постави негативен рекорд по примени голови на домашен терен

Манчестер јунајтед вчеравечер загуби од Ливерпул во 34. коло од англискиот шампионат со 4:2. Екипата на Оле Гунар Солскјер оваа сезона досега прими 27 гола на домашен терен. Ова е најлош резултат на тимот во клупската историја.

Претходниот негативен рекорд беше поставен во сезоната 1971/72, која Манчестер јунајтед прими 26 гола на домашен терен.

На две кола пред крајот на првенството, Јунајтед има 70 бода и се наоѓа на второто место на премиерлигашката табела. Лидер е Манчестер сити со 80 бода и натпревар помалку.

Во зоната која носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, се наоѓаат и Лестер со 66 и Челзи со 64 бода.

Шанси има и Ливерпул кој во моментов е петти со 60 бода, но и натпревар помалку од конкурентите за 4. место.

0 Коментари

Остави коментари