Манчестер јунајтед неделава ќе го назначи Тен Хаг за нов тренер

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед во следните денови се очекува официјално да го назначи холандскиот стратег Ерик тен Хаг за долгорочно решение на тренерската клупа, јавија денеска британските медиуми.

Лондонски „Гардијан“ објави дека Јунајтед за ангажманот на Тен Хаг на Ајакс ќе му плати обесштетување од два милиона евра.

Тен Хаг, според најавите, ќе потпише тригодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една година, или пак четири годишен договор со важност до 2016.

Актуелниот стратег на Ајакс се очекува да биде петтиот тренер на клупата на Јунајтед за помалку од една деценија по повлекувањето на Алекс Фергусон.