Манчестер јунајтед елиминиран во осминафиналето на Лига купот

Њукасл синоќа го победи Манчестер јунајтед со 3:0 во осминафиналето од англискиот Лига куп. Средбата се одржа на „Олд Трафорд“.

Играчот од средниот ред Мигел Алмирон ги доведе гостите во предност во 28. минута. Луис Хол го удвои водството пред паузата, додека Џо Вилок го постави конечниот резултат.

По овој пораз во англиските медиуми продолжува притисокот врз тренерот Ерик тен Хаг кој не успева да го стабилизира тимот.

Следниот противник на Њукасл ќе биде Челзи.