Манчестер jунајтед е заинтересиран за Шик
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Патрик Шик може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед.
Според германскиот новинар Патрик Бергер, Манчестер јунајтед повеќе би сакал да ангажира помлад напаѓач, но 29-годишниот Чех исто така е во потесниот круг на клубот.
И самиот фудбалер за свој приоритет го смета преминот во англиската Премиер лига.
За трансферот на Шик се очекува Баер да бара околу 25-30 милиони евра.
Шик игра за Баер од 2020 година. Сезонава одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 23 гола и направи една асистенција.