Малта е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година

Малта е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Одлуката е донесена во Виена со консензус и помина на постојаниот совет, на амбасадорско ниво. 

Следниот чекор е министерскиот совет, кој ќе се оддржи во Скопје, а ако се изгласа со консензус, Малта ќе биде новиот претседавач со организацијата за 2024 година. 

Извори од МНР за ТВ 24, велат - зеленото светло што денеска го дадоа амбасадорите на ОБСЕ за Малта, значи дека и САД и Руската Федерација се согласни за изборот и дека во Скопје ќе има позитивна одлука.

Шефот на дипломатијата на својот профил на Твитер напиша: Големи одлуки го отвораат патот кон консензус за претседавањето со ОБСЕ наредната година ќе бидат потврдени на министерскиот состанок во Скопје. Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и до сите колеги за флексибилноста и поддршката.