Малолетник со употреба на сила украл пари од аптека во Скопје
Foto

Малолетник со употреба на сила украл пари од аптека во Скопје

Уапсен малолетник кој со употреба на сила украл пари од аптека во Скопје.

- На 27.01.2022 во 20.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што околу 19.30 часот, со употреба на сила, одзел пари од аптека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица, во присуство на претставник од Центар за социјални работи, тој го признал делото, информираат од МВР.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

0 Коментари

Остави коментари