Малолетниците кои вандализираа детско игралиште во Аеродром се во полициска станица - ќе следи соодветна пријава
Малолетниците кои кршеа лулашки во детското игралиште во аеродром се повикани во полициска станица заедно со нивните родители, а ќе им биде поднесена и соодетна пријава за уништување на урбана опрема од општината – ова денеска го изјави градоначалникот откако биле затекнати на игралиштето зад ТЦ „Три бисери“ , каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот.

