Малолетници во Илинден запалиле цистерна, настрадало девојче
Трагична несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица во складиштето на Макпетрол. До експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерна која потоа експлодирала.
- Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица, складиште на Макпетрол од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато. На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот.ова е првична информација спиред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна. - соопштија од МВР.