Малковски за ТВ 24: Царот Борис Трети ја оправдал геноцидната политика поради неговите корени од германската кралска династија

Професорот од Институтот за национална историја Ѓорѓи Малковски во емисијата 24 анализа рече дека во Бугарија се менува погледот на историјата за време на Втората светска војна и владеењето на династијата Сакс-Кобурск со бугарската држава и факт е дека имаме двојна дипотрија.

- Имаат период до 1990 и малку и порано за време на ерата на Тодор Живков, кога драстично се сменија погледите на тоа кој бил Цар Борис Трети. Оваа династија воопшто нема бугарски корени, таа е комплетно германска династија туку Сакс Кобург и Гота и таа династија има врски со други династии од европските кралски семејства. До 1918 година, поради поразот на бугарската војска во Првата Светска војна, царот Фердинанд е протеран. Неговите син Борис Трети владее 25 години со Бугарија и ја има власта, но не ги заборавил врските со Германија и затоа му беше соработник на Хитлер. Затоа ја оправдува геноцидната политика на Бугарија во однос на македонскиот народ. - рече Минов.