Маљковиќ Атанасовска за Студио 10: Никој не може да го замени личниот контакт, но се плашиме дека нашата професија ќе стане се помалку барана
Foto

Маљковиќ Атанасовска за Студио 10: Никој не може да го замени личниот контакт, но се плашиме дека нашата професија ќе стане се помалку барана

Лукреција Маљковиќ Атанасовска, координаторката на меѓународната конференција на преведувачи и толкувачи во Студио 10 зборуваше за конференцијата која ќе се одржи на 7 ноември и опфаќа две теми, европските интеграции и машиниските преводи, вешачката интелегенција и платформите кои ја одземаат професијата.

„Имаме извонредни говорници од Брисел, а ќе се обрати и вицепремиерот Димитров и амбасадорот на ЕУ. Сите наши колеги кои имаат амбиции да влезат во овие води, ова е настан каде ќе слушнат како да станат преведувач и толкувач во европските институции.“ - вели Маљковиќ Атанасовска.

Таа потенцираше дека Еу од 2008 година одржува акредитациски тестови со превод на милион страници на регулатива со стручен и квалитетен превод со ревизија. Конференцијата ќе се одвива преку онлајн платформата Зум. Рече дека се многу активни во промовирањето на професјата и реагираат кога има законски промени кои се однесуваат за нивната професија.

„Загрижени сме дека младите генерации кои влегуваат во професијата, особено со машинските преводи, како гугл кој на почетокот беше смешен во преведувањето, сега дава подобри преводи. Никој не може да го замени личниот контакт, но се плашиме дека нашата професија ќе стане се помалку барана.“ - рече Маљковиќ Атанасовска.

0 Коментари

Остави коментари