Малинка Ристевска Јорданова за ЕВРОПАТ: Европската Комисија и без датум, веќе ја применува новата методологија

Новиот извештај на Европската Комсија оваа година е целосно структуиран по кластери, според новата методолгија. Др Малинка Ристевска Јорданова во интервју за ЕВРОПАТ вели деја оваа промена го прави извештајот многу сложен, практично пристапен само за експерти и се помалку јасен за широката јавност. Според Ристевска Јорданова , Македонија има позитивен извештај со стари проблеми, а не треба да се занемаруваат ниту предупредувањата за случаите за неусогласеност на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.